Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2018

Без победник на „Стемфорд бриџ“, одлуката на „Емирати“

Фудбалерите на Арсенал и Челзи одиграа без голови на првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот – 0-0.

Пред околу 40-те илјади гледачи на „Стемфорд бриџ“ не беше видена игра каква што му прилега на лондонското дерби.
„Сините“ подобро го почнаа натпреварот пред голот на Оспина, но тоа не беше доволно да им го загрозат голот на „топчиите“.
Арсенал првата шанса ја имаше со обидот на Лаказет по додавањето на Вилшер, но на крајот беше безопасен.
Најдобра шанса во првиот дел од натпреварот имаше Мозес, но не успеа да ја реализира и резултатот остана 0-0 по 45-те минути игра на натпреварот.
Во продолжението на средбата, Челзи повторно доминираше. Алонсо, Канте, Мозес, Кристенсен и Фабрегас повторно се закануваа пред голот на Арсенал, но не успеаја да ја затресат мрежата, па одлуката за финалистите ќе биде донесена по реваншот на „Емирати“ на 24-ти јануари.

Најнови вести