Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2018

И Манчестер јунајтед тргна по Санчес

Манчестер јунајтед се вклучи во трката за напаѓачот на Арсенал Алексис Санчес и сака да го украде на градските соседи, пренесоа англиските медиуми.

Менаџерот на Манчестер јунајтед е подготвен на Арсенал да му го понуди Хенрик Мкхитарјан како дел од трансферот на Санчес чиј договор истекува на лето.
Претходните денови медиумите пишуваа дека трансферот на Чилеанецот во Сити е готова работа и дека само прашање е дали ќе биде остварен во јануари или на лето.
Санчес во Арсенал дојде во 2014 година од Барселона, а претходно играше за Удинезе. За „топчиите“ постигна 80 голови на 165 настапи, осум оваа сезона.
За репрезентацијата на Чиле одигра 119 натпревари и два пати ја освои Копа Америка.

Најнови вести