Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2018

Кралски куп: Барселона со Меси е незапирлива

Без Лионел Меси, Барселона успеа само да ремизира во Виго, со Аргентинецот во тимот, ја растури Селта во Кралскиот куп.

Каталонците ја совладаа Селта со 5-0 (4-0) во реванш-натпреварот и се пласираа во четврт-финалето на натпреварувањето.
Меси го реши натпреварот во рок од 15 минути, со двата гола и со асистенцијата за Жорди Алба во периодот од 13-тата до 28-мата минута.
Три минути подоцна, на 4-0 зголеми Луис Суарес, а конечната точка ја стави Ракитиќ на три минути пред крајот на средбата, по асистенцијата на Дембеле, покажувајќи дека резултатот 1-1 од Виго во првиот натпревар бил само лош ден.
Претходно во четврт-финалето на Кралскиот куп се пласираа фудбалерите на Севилја и Еспањол.
Севилја по 2-0 во Кадиз, на нејзин терен го совлада нисколигашот со 2-1 за лесен пласман во наредната фаза.
Домаќинот поведе со голот на Бен Једер во 31-вата минута, а пласманот го завери Коре во 54-тата минута. Гостите ја ублажија елиминацијата со голот на Гарсија на пет минути пред крајот.
Еспањол по поразот од 2-1 на домашен терен од Леванте, славеше со 2-0 во предградието на Валенсија и со пресвртот стигна до осумте најдобри.
Јунаци на гостинскиот тим од Барселона беа Лео Баптистао и Морено со головите во првото полувреме.
Во четврт-финалето на Кралскиот куп се пласираа: Барселона, Севилја, Еспањол, Реал Мадрид, Алавес, Вилјареал, Атлетико Мадрид и Валенсија.

Најнови вести