Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2018

Малага реди порази, сметката ја плати Мичел

Шпанскиот фудбалски клуб Малага вчера го отпушти тренерот Мичел Гонзалес по четирите последователни порази во Примера лигата.

„Екипата од почетокот на сезоната не е во состојба да врзе неколку добри резултати за да избори опстанок, така што ова беше потребно со надеж дека тимот ќе реагира“, се наведува во соопштението на Малага.
Малага во петокот изгуби од Хетафе со 1-0, по што го зазеде претпоследното место на табелата на шпанското првенство со 11 освоени бодови од 19 натпревари.
Гонзалес Малага ја водеше од минатата сезона, во која клубот беше на средината на табелата.
Сè уште не е објавена неговата замена, а Малага следниот натпревар го игра на 22-ри јануари, против Еибар.

Најнови вести