Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2018

Меси го собори рекордот на Милер – 366 за историјата

Лионел Меси, офанзивниот играч на Барселона, го собори рекордот на легендарниот германски напаѓач Герд Милер според бројот на постигнати голови во дресот на еден клуб, сметајќи ги петте најсилни фудбалски лиги во Европа.

Барселона вчера направи голем пресврт во Сан Себастијан против Реал Сосиедад, каде што по 2-0 за домаќините, дојде до 4-2.
Меси беше стрелец на одличен гол од слободен удар во 85-тата минута, што беше негов 366-ти погодок во Ла Лига, секој во дресот на Барселона.
Одличниот офанзивен фудбалер со тоа го престигна Герд Милер, кој во периодот од 1964 до 1979 година во дресот на Баерн Минхен 365 пати ја затресе мрежата на противникот во Бундеслигата. Милер тоа го направи на 427 натпревари, додека Меси во шпанското првенство вчера го одигра 401-виот натпревар од 2004 година за Барселона.

Најнови вести