Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2018

Дембеле повторно на подолга пауза, Иниеста е повреден

Усман Дембеле, фудбалерот на Барселона, им се пожалил на лекарите дека има непријатност во левата нога по натпреварот против Реал Сосиедад.

Младиот француски фудбалер, кој во август минатата година за 105 милиони евра од Дортмунд направи трансфер во Барселона, оваа сезона долго имаше проблеми со повредата на задниот дел на бутниот мускул.
Тестовите потврдиле дека играчот има руптура на мускулот на левата нога, поради што ќе мора да паузира од три до четири седмици.
Французинот би требало да биде подготвен за првиот дуел против Челзи во Лигата на шампионите, кој е закажан за 20-ти февруари.
Барселона, исто така, соопшти дека Андрес Иниеста го преоптоварил мускулот на десната нога и дека во прашање е дали ќе игра утре против Еспањол.

Најнови вести