Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2018

Роналдо ќе го прескокне Леганес

Зинедин Зидан ќе мора да прави ротација за да има одморени играчи за клучните натпревари.

Во Реал Мадрид, иако со тешко срце, сфатија дека трофејот во Примера лигата оваа сезона е изгубен, па се свртија кон оние натпреварувања коишто може да ги освојат.
Кристијано Роналдо, како и остатокот од тимот, оваа сезона не може да се состават, но францускиот стручњак сепак смета на Португалецот во клучните моменти и сега сака да го одмори за да биде целосно подготвен за двомечот со ПСЖ во Лигата на шампионите.
Тоа можеби ќе биде и клучен натпревар за „кралевите“ оваа сезона.
Доколку изгубат, за нив оваа сезона ќе заврши катастрофално, додека триумфот би значел надеж дека ќе можат повторно да ја освојат титулата европски шампион.
Натпреварот од Кралскиот куп меѓу фудбалерите на Леганес и на Реал Мадрид се игра во четврток, од 21.30 часот.

Најнови вести