Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2018

Франција и Шведска со максимални четири бода во оваа рунда

Одиграни се сите натпревари од групите А и Б и познати се селекциите коишто ќе играат во првата група од втората фаза на Европското првенство во ракомет, која ќе се игра во загрепската „Арена“.

Франција и Шведска во оваа рунда влегуваат со освоени максимални четири бода во првата фаза. Швеѓаните имаа еден пораз, но во нивен прилог е тоа што Исланд е елиминиран од натпреварувањето.
Хрватска, која е домаќин на годинешното Европско првенство, во следната рунда ќе влезе само со два освоени бода и ја очекува тешка битка за пласман во полуфиналето. Таа ќе игра против светскиот вицешампион Норвешка, која исто така има два освоени бода. Без бодови во следната рунда влегуваат Србија и Белорусија.
Првото коло од групата 1 се игра утре, во Загреб, кога ќе се сретнат Хрватска и Белорусија и Норвешка со Србија.

Група 1 - Распоред на натпреварите:
четврток, 18-ти јануари
18.15 Србија – Норвешка
20.30 Белорусија – Хрватска
сабота, 20-ти јануари
18.15 Шведска – Франција
20.30 Хрватска – Норвешка
понеделник, 22-ри јануари
18.15 Србија – Франција
20.30 Шведска – Белорусија
среда, 24-ти јануари
16.00 Србија – Белорусија
18.15 Шведска – Норвешка
20.30 Хрватска – Франција

Најнови вести