Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2018

Филип Лазаров повреден, Маркоски во одбраната против Германија

Ракометната репрезентација на Македонија ќе биде засилена во одбраната во последниот натпревар од групата Ц против Германија, кој се игра вечерва од 18.30 часот.

Македонските репрезентативци вечерва ќе се обидат да го одбранат првото место, а селекторот Раул Гонзалес за прв пат на Европското првенство во Хрватска во тимот ќе го вклучи и Велко Маркоски, кој изминатите години беше еден од столбовите на одбраната, но претходните два дуели со Словенија и со Црна Гора ги следеше од трибините.
Филип Лазаров, кој досега постигна вкупно пет гола, има повреда на мускулот на ногата и Гонзалес не сака да ризикува со него во вечерашниот натпревар, па поради тоа шанса ќе добие Марковски.
Македонија има еден бод повеќе од селекцијата на Германија и за да го задржи првото место во групата, доволно е да одигра реми, а ако победи, во следната фаза ќе влезе со четири бода.

Најнови вести