Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2018

Клоп: Фрустриран сум и лут...

Јирген Клоп не успеа за прв пат откако дојде на клупата на Ливерпул да врзе пет победи во Премиер лигата.

„Црвените“ во Велс изгубија од Свонси со 1-0, со погодокот на Алфи Мосон.
Менаџерот Јирген Клоп не го криеше незадоволството од поразот.
„Фрустриран сум и лут бидејќи ова не беше добар натпревар. Го изгубивме натпреварот во првото полувреме“, изјави менаџерот на Ливерпул по натпреварот.
„Не го направивме она што го планиравме. Изненаден сум бидејќи тоа не се случува толку често. Извршивме притисок при крајот, но недоволно да дадеме гол. Немавме среќа во последните моменти. Да освоевме бод, тоа ќе беше голема работа. Но наша е вината што останавме со празни раце“, додаде Клоп.

 

Најнови вести