Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2018

Македонија со Лазаров во составот по победа над Чешка

По поразот од Шпанија на Европското првенство во ракомет, македонската репрезентација вечерва во Вараждин ќе игра против Чешка.

Избраниците на Раул Гонзалес веќе немаат право на кикс бидејќи мора да победат на двете последни средби за да го продолжат натпреварувањето во Загреб.
Селекторот на Македонија не направи измени во составот, а Кире Лазаров ќе биде во комбинација за натпреварите со Чешка и со Данска.
Нашите репрезентативци се сретнаа со Чесите во квалификациите за Европското првенство, кога на нивен терен беа поразени со разлика од седум гола, но во Скопје ги совладаа со 33-20. Досега Македонија и Чешка имаат одиграно девет натпревари, во кои нашите репрезентативци победија четири пати, три пати беа поразени, а две средби завршија со реми.
Чешка на ова првенство доживеа дебакл од Шпанија. Во првото коло против Шпанците одиграа полошо од избраниците на Гонзалес, натпреварот го загубија со 32-15, но потоа ги победија Данците, ја елиминираа Унгарија и беа совладани од Германија.
„Треба да се фокусираме само на дуелот со Чешка, не треба да гледаме дека нè чекаат два натпревари, туку дека играме финале со Чешка. Ситуацијата е добра, ако победиме, сигурно ќе играме натпревар за петто место, а ќе имаме шанса со уште една победа да играме полуфинале. Да, разликата против Шпанија беше висока, но треба да заборавиме на тој натпревар. Исто е и кога победуваме, треба да заборавите на тоа што било и да се фокусираме на следниот натпревар”, изјави селекторот Раул Гонзалес.
Сè уште не е јасно дали Кире Лазаров ќе биде само на клупата на овој натпревар или ќе има и минути на теренот. Раул имаше само уште една измена во оваа фаза од натпреварувањето, не го извади Лазаров од составот, но можно е капитенот да го чува за дуелот со Данска, а доколку има потреба, да влезе во игра и на вечерашниот натпревар.
Натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра вечерва, со почеток во 20.30 часот.

Најнови вести