Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2018

Крај на сонот за полуфинале по драматичниот пораз од Чешка

Македонија го претрпе и вториот пораз на Европското првенство во ракомет, овој пат во драматична завршница загуби од Чешка со 25:24 иако во поголемиот дел од натпреварот водевме, во еден момент и со пет голови.

Македонската ракометна репрезентација ослабена без капитенот Кире Лазров во финишот е поразена од Чешка и ги загуби шансите за полуфинале на Европскот првенство во Хрватска.
Нашите ракометари одлично го почнаа натпреварот, поведоа со 4-1, неколкупати имаа водство и од четири гола, но Чесите не се предадоа и на полувремето имавме предност од само два гола, 13-11.
Отсуството на капитенот Лазаров не беше приметно, сите ракометари беа прецизни, а и Борко Ристовски имаше седум одбрани по првиот дел.
И во второто полувреме почнавме со добра игра и ја зголемивме предноста која достигна до пет голови, но тогаш следеше пад во темпото и му дозволивме на противникот да стигне до израмнување.
Од тој момент се играше гол за гол, Лазаров кој влегуваше од клупата за ударите од седум метри не реализираше еден пенал, а Чесите постигнаа гол за 25:24. 
Македонија имаше голема шанса да дојде до израмнување и да остане во игра за полуфинале, Манасков имаше удар од седум метри по истекот на натпреварот за реми, но чешкиот голман го одбрани ударот и ги сгасна сите надежи за историски успех.
Отсуството на Кире Лазаров на теренот сепак се покажа како пресудно и иако постигна два гола од пенал фалеше во играта на нашата репрезентација.
Најефикасен беше Талески со пет постигнати голови, Велковски, Стоилов и Миркуловски постигнаа по четири, а Борко Ристовски имаше 11 интервенции.
Утре нашата репрезентација го игра последниот натпревар во втората групна фаза против Данска во 18:15 часот.

Најнови вести