Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2018

Де Бројне: Не е важно што нè одби Санчес

Кевин де Бројне, офанзивниот играч за врска на Манчестер сити, изјави дека „граѓаните“ не се во загуба поради тоа што Алексис Санчес одлучил да направи трансфер во редовите на градскиот ривал Јунајтед.

Белгиецот изјави дека смета дека лидерот на Премиер лигата има визија без оглед на тоа со кои играчи располага.
Чилеанскиот напаѓач долго време беше во преговори со Сити и со менаџерот Пеп Гвардиола, но на крајот од Арсенал направи трансфер на „Олд Трафорд“.
„Не е важно што Санчес нè одби. Ние продолжуваме да го работиме тоа што сме го зацртале со или без него. Да сакаше да дојде, би дошол, но бидејќи не дојде, ќе се потпреме на тимот којшто го имаме“, изјави Де Бројне.
Кевин неодамна го продолжи договорот со Сити до 2023 година и е еден од носителите на екипата која има предност од 12 бода во однос на второпласираниот Јунајтед.
Оваа сезона игра во одлична форма, според многумина е најдобриот фудбалер на англиското првенство во кое на 24 натпревари даде шест гола и оствари десет асистенции.

Најнови вести