Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2018

Барса не дозволи уште едно изненадување во Купот

Фудбалерите на Барселона со 2-0 го победија Еспањол на „Камп ноу“во реваншот од четврт-финалето на Кралскиот куп и се пласираа во полуфиналето.

Не му тргна добро на тимот на Ернесто Валверде бидејќи Луис Суарес уште во осмата минута заработи жолт картон, а требаше да го стигнат резултатот 1-0 од првиот натпревар.
Но, Суарес уште во деветтата минута го постигна водечкиот гол за Барселона. Меси на страната со добро додавање го исфрли Алеиш Видал, а тој му центрираше на Суарес на пет метри. На Уругваецот тогаш не му беше тешко да ја испрати топката во мрежата. Вториот гол на натпреварот го постигна Лионел Меси во 25-тата минута, кога од крајот на казнениот простор топката ја удри фелш по земја и го измами голманот на гостите.
Асистентот кај првиот гол подоцна го замени Паулињо, неодамнешниот играч за врска на Ливерпул, Филип Кутињо влезе на местото на Иниеста, но резултатот не се менуваше, што на Барселона во секој случај и беше доволно за понатамошен пласман.
Во полуфиналето останаа Барселона, Леганес, Валенсија и Севилја. Реал Мадрид завчера испадна по поразот од 2-1 од Леганес.

Најнови вести