Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2018

ФА куп: Јунајтед рутински, Санчес дебитираше со асистенција

Екипата на Манчестер јунајтед го победи Јеовил со 4-0 во натпреварот од шеснаесетфиналето на ФА купот.

Алексис Санчес, најновото засилување на „црвените ѓаволи“, беше во стартната постава на Жозе Мурињо.
Чилеанецот покажа дека ќе биде големо засилување, а кај вториот гол и директно учествуваше.
Јунајтед до предност дојде во 41-вата минута, кога Маркус Рашфорд ја искористи големата грешка во одбраната на Јеовил.
Дојде до недоразбирање меѓу стоперот и голманот, брзоногиот напаѓач го виде тоа и постигна гол. Со тој резултат се отиде на пауза.
Во продолжението на натпреварот, екипата на Жозе Мурињо постигна уште три гола. Санчес во 61-вата минута му асистираше на Андер Ерера, кој со силен удар го совлада Кришјак.
Манчестер продолжи со нападите, што се исплатеше во последните минути од натпреварот. Прво Џеси Лингард во 89-тата минута зголеми на 3-0, а конечниот резултат го постави Ромелу Лукаку во продолжението на времето.
Во вториот натпревар од вечерта, Шефилд вензди го совлада Ридинг со 3-1 и со тоа се пласира во шеснаесетфиналето на ФА купот.

Најнови вести