31.1.2018 Озил до 2021 година во Арсенал, плата 350.000 фунти
Месут Озил го продолжи договорот со Арсенал до 2021 година, јавува Би-би-си.
Одличниот играч за врска, кој во Лондон дојде во септември 2013 година од Реал, ќе заработува 350.000 фунти седмично, со што ќе стане најплатениот играч во историјата на „топчиите“.
Освојувачот на Светското првенство со Германија за четири и пол сезони во Арсенал одигра 182 натпревари и постигна 35 погодоци и 63 асистенции, три пати го освои ФА купот и еднаш Комјунити шилд, додека претходно со Реал Мадрид ги освои шампионската титула на Шпанија, Кралскиот куп и Суперкупот.
За репрезентацијата на Германија одигра 88 натпревари и постигна 22 гола.
Со тоа Арсен Венгер на последниот ден од преодниот рок заврши уште една голема работа, бидејќи претходно во клубот дојде и Пјер-Емерик Обамејанг за рекордни 60 милиони евра.