Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2018

Марковиќ до крајот на сезоната во Андерлехт

Лазар Марковиќ остатокот од сезоната ќе го помине на заем од Ливерпул во Андерлехт, соопшти белгискиот клуб.

Во текот на денот се појави информацијата дека се е завршено околу трансферот на Митровиќ во Брисел, меѓутоа неколку часа пред тоа преговорите беа стопирани.
Митровиќ не отиде во Андерлехт, но како од ведро небо, само 15 минути пред крајот на преодниот рок овој клуб соопшти дека Лазар Марковиќ ќе го носи нивниот дрес до крајот на сезоната.
Голем обрт се случи во Брисел, што уште еднаш ја покажа убавината на последниот ден од преодниот рок.
Марковиќ оваа сезона не доби шанса во Ливерпул и логично следуваше ваквиот потег. Поранешниот играч на Партизан беше поврзуван со многу клубови, но на крајот донел одлука да оди во Белгија.

Најнови вести