Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2018

Конте на работ, го почна последниот месец во Челзи?

Распоредот е јасен, клучните натпревари се зад аголот, никој сериозен не верува дека може да ѝ парира на Барса, но во прашање се и најдобрите 4. Што ќе направи Роман Абрамович?

По тешкиот удар на Челзи против Борнмут, Антонио Конте е сè поблиску до напуштање на клубот.
По натпреварот со Борнмут, тој изјави дека тешко ќе биде да се избори во топ 4, што дополнително ги разбесни навивачите, но и управата.
Сигурно дека ќе си замине на крајот на сезоната, но би можело и порано да добие отказ, не е во прашање само Лигата на шампионите и дуелот со Барселона, туку и неколку наредни натпревари. Ако нема подобрување ниту со Жиру, Конте би бил сменет, а Абрамович би повикал некој од неговите пријатели, Хидинк, Слуцки, има неколкумина коишто би го пополниле местото до налето, кога би требало да стигне Луис Енрике, кој е прв кандидат, макар што се спомнува и Макс Алегри.
Што му останува на Конте? Не е сигурно дали би бил прв кандидат за клупата на ПСЖ, доколку Зидан остане без работа во Реал, нема сомнение дека нему ќе му биде понудено местото тренер, па за Конте останува или да се врати на клупата на Италија, што е пет пати помала плата од онаа којашто ја има во Челзи, или евентуално во Милан, макар што тој е многу скептичен, како и сите останати, кога е во прашање финансиската моќ на „росонерите“.
Во секој случај, Челзи, кој сега има само два бода повеќе од петтопласираниот Тотенхем, во понеделник го очекува гостувањето на Ватфорд, а пред Барселона, ќе го нагости Вест Бромич албион и го има натпреварот од Купот против Хал. По Барселона, два пати за десет дена ќе гостува во Манчестер, па ако ги изгуби тие натпревари и ако испадне од Барса, најверојатно Конте ќе биде сменет.

Најнови вести