Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2018

Озил: Долго размислував, а потоа го послушав срцето

Месут Озил, фудбалерот на Арсенал, изјави дека продолжувањето на договорот со клубот е една од најважните одлуки коишто ги донесол во кариерата.

Веќе подолго време германскиот репрезентативец беше поврзуван со трансфер во разни клубови, но тој сега потпиша договор до крајот на сезоната 2020/21 и со тоа им стави крај на сите дилеми во врска со иднината.
„Горд сум што можам да објавам дека потпишав. Уште три години во Арсенал. Ова беше една од најважните одлуки во мојата кариера, затоа морав добро да размислам и да разговарам со сите кои ми се важни“, изјави Озил на „Инстаграм“ и додаде:
„За добрите работи треба време, а на крајот решив моето срце да одлучи. Како што кажував секогаш, овде се чувствувам дома и многу сум мотивиран да постигнеме големи работи во наредните години. Еднаш ’топчија’, засекогаш ’топчија’“.
Озил има 29 години, во Арсенал е од 2013 година, а претходно ги носеше дресовите на Реал Мадрид, Вердер и Шалке.

Најнови вести