Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2018

Фелаини два месеца надвор од теренот

Маруан Фелаини, фудбалерот на Манчестер јунајтед, би можело да паузира од шест до осум седмици поради повредата со која се здоби на натпреварот против Тотенхем.

Белгиецот поради повредата на коленото мораше да го напушти натпреварот со Тотенхем само по седум минути откако влезе на теренот во второто полувреме.
На Фелаини ќе му бидат направени детални лекарски прегледи за да се одреди точната дијагноза, но според првите процени, му настрадале предните лигаменти и поради тоа го чека долга пауза, дури до почетокот на април.
Фелаини по трет пат го повреди коленото на истата нога во последните четири месеци, па очигледно е дека има некаков сериозен проблем.

Најнови вести