Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2018

Суарес ѝ донесе предност на Барселона пред реваншот

Барселона во првиот дуел од полуфиналето на Кралскиот куп ја совлада Валенсија со 1-0.

Голот за триумфот го постигна Луис Суарес, кој погоди одлично со глава по нафрлањето од страна на Меси.
За Уругваецот ова беше веќе деветти гол во 2018 година.
Валенсија имаше голема шанса за изедначување во последните минути од натпреварот, но Санти Мина со глава ја испрати топката над пречката.
Реваншот на програмата е за една седмица.
Во средата Леганес и Севилја ремизираа 1-1 во првиот полуфинален натпревар.

 

Најнови вести