Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2018

Марез штрајкува, веќе два дена не оди на тренинг

Алжирецот Ријад Марез, еден од двајцата најдобри фудбалери на Лестер, веќе два дена не се појавува на тренинзите.

Марез го нема на тренинзите на Лестер бидејќи е револтиран од тоа што управата на клубот во финишот на преодниот рок не ја прифатила понудата на Манчестер сити, пренесува „Скај спорт“.
Како што се наведува, Сити на последниот ден од зимскиот преоден рок испратил понуда вредна 74 милиони евра, но Лестер ја одбил, што доведе до штрајк на играчот, кој покрај Џејми Варди, беше најзаслужен за освојување на титулата во 2016 година.
Марез во секој од претходните четири преодни рока имаше сериозни понуди, но секоја од нив беше одбиена, па овој пат одлучил да штрајкува и извесно е дека нема да биде во тимот за дуелот против Свонси во Премиер лигата.
Поради тоа, го очекува голема казна, како што се споменува, најмалку 200.000 фунти. Марез во Лестер дојде во јануари 2014 година од францускиот Авр, досега одигра 165 натпревари и постигна 44 гола.

Најнови вести