Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2018

Обамејанг болен, денешното деби под знак прашалник

Напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг, најновото засилување на Арсенал, најверојатно нема да дебитира за „топчиите“ на денешниот натпревар против Евертон, а причина за тоа е болеста.

Неодамнешниот офанзивен играч на Борусија од Дортмунд, кој на последниот ден од преодниот рок ги напушти „милионерите“ и стана најскапо засилување на лондонскиот клуб за 56 милиони фунти, во меѓувреме се разболел, а дали ќе биде во состојба да им се спротивстави на „карамелите“, ќе се знае по лекарските процени.
Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, на вчерашната конференција за медиумите изјави дека Обамејанг можеби нема да игра, но дека од првата минута во тимот ќе биде новиот играч кој дојде од Манчестер јунајтед, Хенрих Мхитарјан.
„Имаше температура, така што не тренираше многу. Почна вчера, но и понатаму не е добро. Лекарската екипа ќе направи процена“, изјави Венгер за здравствената состојба на Габонецот.
Натпреварот од 26-тото коло на Премиер лигата меѓу Арсенал и Евертон на програмата е денес, во 18.30 часот.

Најнови вести