Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2018

Јувентус без Матуиди против Тотенхем

Блез Матуиди, фудбалерот на Јувентус, доживеа повреда на мускулите во средбата со Сасуоло во Серија А и најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар со Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Старата дама“ во дуелот славеше со 7-0, а Матуиди мораше да го напушти теренот уште по 26-тата минута.
По натпреварот, Масимилијано Алегри, тренерот на шампионот на Италија, изјави дека мали се шансите Матуиди да биде во тимот во наредните десетина дена.
Првиот натпревар меѓу Јувентус и Тотенхем на програмата е на 13-ти февруари во Торино, а реваншот се игра на седми март.
Матуиди во досегашниот дел на сезоната постигна два гола на 29 натпревари во сите натпреварувања за Јувентус.

Најнови вести