Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2018

Лалана како боксер против младинците на Тотенхем

Адам Лалана се обидува да ја пронајде формата по повредата, но се чини дека пред тоа ќе заработи суспензија.

Адам Лалана настапи за младиот тим на Ливерпул во натпреварот против Тотенхем еден ден по ремито на првите тимови, по кое на „Енфилд роуд“ сите се бесни на судиите.
Во 63-тата минута Џорџ Марш грубо стартуваше и во скок го удри Лалана, но тоа не е оправдување за реакцијата на искусниот фудбалер, кој практично почна да го дави играчот на Тотенхем.
Лалана по фаулот, веднаш стана и го фати младиот фудбалер за врат, а на крајот ги раздели Дени Ингс.
Поради тоа, доби директен црвен картон и сега веројатно го очекува суспензија.

Најнови вести