Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2018

Зимска пауза и во Премиер лигата?

Англиската Премиер лига разгледува воведување зимска пауза поради густиот распоред на натпреварувањето и големиот замор на играчите, пренесе Би-би-си.

За евентуална реализација на овој план ќе се чека почетокот на сезоната 2019/20, односно до потпишувањето на новиот договор за ТВ-правата.
Премиер лигата подготвува план на активности за периодот од 2019 до 2020 година, а во документите коишто им се доставени на ТВ-станиците за откуп на правата на пренос се наведува дека Лигата е подготвена да размисли за воведување зимска пауза во јануари, а таа да не влијае на традиционалниот празничен распоред на натпреварите на крајот на декември и на почетокот на јануари.
Многу премиерлигашки менаџери во последно време го критикуваа празничниот распоред на натпреварите.
Хосеп Гвардиола, шефот на стручниот штаб на Манчестер сити, изјави дека распоредот е убиствен за фудбалерите, додека Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, оцени дека немањето пауза го отежнува учеството во Лигата на шампионите.
Речиси сите европски лиги во текот на зимата имаат пауза во првенството.

Најнови вести