Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2018

Хет-трик на Ди Марија, Марсеј со девет гола го понижи ривалот

Екипата на ПСЖ се пласира во четврт-финалето на домашниот Куп откако на гостувањето го победи Сошо со 4-1.

Парижаните до предност дојдоа уште во првата минута, кога Анхел ди Марија го постигна првиот од трите гола.
Сошо со поддршката од трибините набрзо дојде до изедначување. Алфонс му асистираше на Мартин, а тој со добар удар со левата нога го совлада Трап.
До крајот на натпреварот Сохо не успеа да им се спротивстави на нападите на надмоќниот ПСЖ. Кавани во 28-мата минута повторно ја врати предноста на нивна страна, а потоа Ди Марија во 58-мата и во 62-рата го постави конечниот резултат 4-1.
Екипата на Марсеј го понижи второлигашот Бурж Перона победувајќи го со 9-0. Избраниците на Руди Гарсија немаа милост кон слабиот противник, а дека ќе има убедлив триумф беше најавено по 20 минути игра.
Во тој период Марсеј постигна четири гола – Густаво во деветтата, Паје во 12-тата, Окампсо во 16-тата и Митроглу во 20-тата, а потоа и во 40-тата. Во продолжението на натпреварот не застанаа и постигнаа уште четири погодоци.
Окампос беше стрелец во 48-мата и во 71-вата, додека Митроглу во 81-вата и Нџие во 89-тата минута го постави конечниот резултат 9-0.

Најнови вести