Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2018

Лалана доби забрана за играње само со јуниорите

Адам Лалана, фудбалерот на Ливерпул, доби суспензија на три натпревари поради насилничкото однесување во натпреварот со младиот тим против Тотенхем, но таа казна ќе се однесува само на дуелите во таа возраст.

Таквата казната беше и очекувана по нафрлањето на 29-годишниот играч за врска на девет години помладиот Џорџ Марш, а може да се каже дека искусниот Англичанец добро поминал што таа не се однесува и на натпреварите на сениорскиот тим.
Лалана долго време беше повреден, а низ натпреварите на резервниот состав, поточно на младинската екипа, менаџерот Јирген Клоп сакаше тој што побрзо да се врати во натпреварувачки ритам и да биде подготвен за клучните дуели на „црвените“ во продолжението на сезоната.
Прекомандата во вториот тим, очигледно, не предизвикала воодушевување кај поранешниот играч на Саутхемптон, па тој во 63-тата минута од натпреварот со Тотенхем, по еден дуел со Марш, бурно реагираше и младиот играч го фати за врат, поради што доби црвен картон.

Најнови вести