12.2.2018 Мурињо: Нема „проклетства“ во фудбалот
По поразот од Њукасл, Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, по поразот од Њукасл изјави дека противникот се борел неверојатно.
„Изгледа како проклетството да продолжува, петти пораз сезонава и седми пораз на Мурињо на ‘Сент Џејмс парк’“, го почна разговорот новинарот со менаџерот на Јунајтед.
„Нема проклетство во фудбалот. Во фудбалот победуваш, губиш и играш нерешено. Понекогаш заслужуваш победа, но не доаѓаш до неа. Понекогаш ќе заслужиш да изгубиш, а ќе победиш. Тоа е фудбалот. Мислам дека сега имавме многу шанси да победиме и поради тоа е малку тешко да го прифатам овој пораз, но чесно е да се каже дека Њукасл се бореше неверојатно, дадоа сè што имаа и се бореа за бод, но на крајот се бореа за трите бода. Имаа среќа, но сами се изборија за таа среќа“, изјави Мурињо.
Сезоната продолжува, а пред Манчестер јунајтед се неколку важни натпревари во три различни натпреварувања.
„Ќе одиме натпревар по натпревар, во овој момент само размислуваме и знаеме дека ќе биде тешко, изгубивме од нив во Премиер лигата и знаеме дека не е баш убаво тоа што по ремито им одиме во гости, но ќе се бориме“, додаде Мурињо.