Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2018

Валверде: Не може секогаш да се победува

Ернесто Валверде, тренерот на Барселона, изјави дека не е многу фрустриран од новиот кикс на неговиот тим.

Каталонците ремизираа второ коло во низа во Ла Лига одигрувајќи без голови со Хетафе на „Камп ноу“.
Сега шпанското првенство неочекувано стана интересно, бидејќи Атлетико Мадрид им се приближи на Каталонците и сега заостанува само со седум бода.
„Хетафе е екипа која многу ја сече играта и не му дозволува на ривалот да дојде до казнениот простор. Првото полувреме го одигравме лошо, со време го подигнувавме нивото на својата игра, но не бевме доволно конкретни во нападот. Искрено, ни недостасуваше свежина бидејќи зад нас е напорен месец. Ова донекаде е и логично, не можеме секогаш да победуваме. Не може екипата секогаш да биде на сто отсто подготвеност, затоа седмицата без натпревари ни доаѓа во идеално време. Ќе имаме можност да закрепнеме“, изјави Валверде.

Најнови вести