Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2018

Алегри: Само Реал е поуспешен од Јувентус во Европа

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, пред натпреварот со Тотенхем во шеснаесетфиналето на Лигата на шампионите, изјави дека ќе биде задоволен доколку екипата не прими гол.

„Очигледно е дека би сакал да не примиме гол. Тоа ќе биде многу изедначен натпревар, шансите се 50/50, така што ќе мораме да бидеме фокусирани“, изјави Алегри.
Екипата на Јувентус од 20.45 часот го дочекува Тотенхем во нокаут-фазата од елитното фудбалско натпреварување.
„Мораме да бидеме многу внимателни и доколку сакаме да се пласираме понатаму, а сакаме, треба добро да одиграме во Лондон“, додаде тренерот на Јувентус.
„Старата дама“ во претходните три години два пати играше во финалето на Лигата на шампионите и Алегри смета дека екипата доста пораснала.
„Клубот порасна многу, како и играчите – во смисла на самодовербата. Секогаш кажувам дека само Реал е поуспешна екипа од Јувентус во Европа во претходните неколку години“, изјави Алегри.
Покрај дуелот меѓу Јувентус и Тотенхем, вечерва ќе се сретнат и Базел и Манчестер сити.

 

Најнови вести