Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2018

Кутињо стана Португалец и отвори место за Артур

Бразилскиот играч за врска Филипе Кутињо доби португалско државјанство и понатаму во кариерата во Барселона ќе биде третиран како играч на Европската унија.

Тоа му отвора можност на клубот од „Камп ноу“ налето да доведе некое засилување надвор од границите на Европската унија, а според последните информации, тоа ќе биде Бразилецот Артур, 21-годишниот играч за врска на Гремио. Медиумите во Шпанија пишуваат дека трансферот е договорен и дека Барса него ќе го добие за 25 милиони евра.
Правилата во Ла Лига налагаат секој клуб да може да има најмногу тројца играчи надвор од Европската унија. По решавањето на проблемот со Кутињо, во Барселона играчи кои не се од ЕУ се Јери Мина и Паулињо, додека Уругваецот Луис Суарес од претходно е државјанин на Италија.
Кутињо државјанство на Португалија доби со оглед на тоа дека е во брак со Португалката Аине повеќе од три години.

Најнови вести