14.2.2018 Арсенал најмалку еден месец без Лаказет
Александр Лаказет, фудбалерот на Арсенал, ќе биде надвор од теренот од четири до шест седмици поради повреда, објави лондонскиот клуб.
На францускиот напаѓач му беше извршена мала операција на коленото и се очекува да пропушти дури седум натпревари, два дуели со Естерсунд во Лигата на Европа, два против Манчестер сити во Лига купот и во Премиер лигата, а во англискиот шампионат и средбите против Брајтон, Ватфорд и Лестер.
Лаказет минатото лето на „Емирати“ дојде како големо засилување од Лион за 53 милиони евра, но не ги оправда вложените пари, па Арсенал во јануари мораше да го доведе Пјер-Емерик Обамејанг и по втор пат во истата сезона го сруши рекордниот трансфер (63 милиони).
Се претпоставува дека Лаказет на теренот ќе се врати во април, кога Стоук ќе гостува кај Арсенал во натпреварот од Премиер лигата.