Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2018

Кејн: Можевме да се предадеме...

Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, беше задоволен од ремито 2-2 со Јувентус во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Јувентус брзо поведе со 2-0, но „петлите“ сепак се изборија за врвен резултат пред реваншот.
„Можевме да се предадеме, игравме во гости во Лигата на шампионите, но покажавме карактер. По двата примени гола, игравме одлично и сега ќе одиме на ’Вембли’ со два гола во гости. Одличен резултат. Требаше да дадам гол кога шутирав со глава, но сепак успеав да ја затресам мрежата“, изјави Кејн, кој веќе има постигнато девет погодоци во Лигата на шампионите.
Тој ја затресе мрежата во 35-тата минута, а изедначување донесе Кристијан Ериксен во 71-вата.
„Сигурни сме во тоа дека ќе имаме шанса на ’Вембли’. Во натпреварот ќе влеземе полни со самодоверба, со нетрпение го очекуваме“, изјави Данецот.
Реваншот на програмата се игра на седми март во Лондон.

Најнови вести