Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2018

Емери: Шпекулациите не влијаат на Нејмар

Унаи Емери, тренерот на ПСЖ, изјави дека неговиот тим има самодоверба и верува дека може да се квалификува во четврт-финалето.

Точно пред една година, ПСЖ на домашен терен ја совлада Барселона со 4-0 во првиот натпревар од осминафиналето, а потоа во реваншот изгуби со 6-1.
„Можеби подготовките за овој почнаа во тој натпревар. Кога работите не се добри, тогаш научуваме многу. Тимот е подготвен да се натпреварува на врвно ниво. Имаме искуство и подобро сме подготвени“, изјави Емери.
„Овој натпревар е шанса за нас. Играме против шампиони и тимови коишто ова натпреварување го освојувале повеќе пати. Сакаме да го достигнеме тоа ниво. Ги почитуваме ривалите, но имаме самодоверба и веруваме дека можеме да се квалификуваме во четврт-финалето“, додаде тренерот на парискиот клуб.
Оваа сезона „светците“ се посилни со Нејмар, за кого Французите веруваат дека ќе може да му парира на Кристијано Роналдо.
„Задоволен сум што го имам Нејмар. Нему не му влијаат приказните што кружат. Дојде да ни помогне да ја освоиме титулата и токму тоа го прави. Ќе се сретнат два големи тима. И ние и тие може да изгубиме“, изјави Емери.
Натпреварот на програмата е вечерва, од 20.45 часот.

 

Најнови вести