Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2018

Ливерпул најефикасна екипа во Лигата на шампионите

Ливерпул со убедливата победа над Порто (5-0) го сруши рекордот на Манчестер сити.

„Граѓаните“ само 24 часа пред тоа славеа против Базел, дотогаш најголемата гостинска победа во историјата на англиските клубови.
Екипата на Јирген Клоп со тоа се изедначи со Баерн Минхен, кој со победата од 5-0 против Спортинг во 2009 година, како и со 6-1 на Реал Мадрид над Шалке во 2014 година. 
Тоа воедно беше и најголемиот пораз на Порто на домашен терен во Европа на којшто никогаш пред тоа не примил повеќе од три гола.
Освен што го постави новиот рекорд, Ливерпул со убедливата победа над Порто стана најефикасната екипа на Лигата на шампионите во оваа сезона со 28 постигнати гола.
Мухамед Салах е и нерешлива енигма за противникот, за Порто во 53-тата минута го постигна 30-тиот гол во сезоната. Со тоа стана прв играч од Луис Суарес во сезоната 2013/14 кој забележал толку погодоци во една сезона.
За убедливата победа на „црвените“ најзаслужен беше Садио Мане, кој постигна хет-трик, а му недостасува само еден гол да го надмине учинокот од минатата сезона, кога 12 пати ја затресе мрежата на противникот.
Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека е задоволен од убедливата победа против Порто со 5-0 во Лигата на шампионите, но дека и покрај големата предност пред реваншот, не мисли дека дуелот од осминафиналето е завршен.
Прикажавме многу добра игра, точно онолку добра колку што беше потребно. Во некои моментни не бевме какви што сакаме, Порто во некои моменти беше посилен, но постигнавме фантастични голови во вистинско време“, изјави Клоп за британските медиуми.
Клоп изјави пофални зборови за играта на Мане и на Салах.
„Мане се врати од репрезентацијата на Сенегал и добро се покажа. Против Порто повторно покажа колку е добар играч. Тој е важен за екипата, дури и кога не е во најдобро издание. Тоа е голем квалитет, кога не си сто отсто подготвен, а сепак постигнуваш голови или учествуваш во головите“, изјави германскиот тренер.
Салах го постигна 30-тиот гол сезонава во сите натпреварувања.
„Игра добра сезона и е многу важен за нас. Секој негов гол на некој начин беше победоносен. Против Порто беа добри и Фирмино и Алекс Окслејд-Чемберлен. На сите им честитам, а се надевам дека Салах нема да застане овде“, додаде тренерот на Ливерпул.
Реванш-натпреварот на програмата е на шести март на „Енфилд роуд“, а Клоп изјави дека дуелот сè уште не е завршен.
„Не, секако дека не е. Во Португалија дојдовме да направиме добар резултат за реваншот на ’Енфилд роуд’, а тоа и го направивме, ни помалку ни повеќе. Премногу долго сум во оваа работа за да мислам дека сè е завршено пред последниот свиреж на судијата. На нашите навивачи на ’Енфилд роуд’ им должиме одлична партија и тоа сакаме да го покажеме“, изјави Клоп.
Сержо Консеисао, тренерот на Порто, изјави дека неговата екипа направила грешки коишто многу ја чинеле.
„На почетокот бевме изедначени, дури имавме добра шанса во првите 20 минути. Потоа ја губевме топката и го примивме првиот гол. Играчите потоа згрешија неколку пати, што нас нè чинеше многу против екипата со ваков напад“, изјави Консеисао.

Најнови вести