Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2018

Пиротехника, тепачка меѓу навивачите... Трофејот на Купот го освои МЗТ

Во финалето на Купот на Македонија во кошарка силите ги одмерија големите ривали Работнички и МЗТ Скопје. Славеше екипата на МЗТ со 76:67, а натпреварот во Кавадарци за малку ќе беше прекинат.

Натпреварот прво беше прекинат поради палење пиротехнички средства од страна на навивачите на МЗТ, а потоа поради судирот на навивачите на Работнички со полицијата. По краткиот прекин и заканата дека салата ќе биде испразнета, навивачите се смирија и натпреварот беше продолжен.
Натпреварот беше навистина повеќе од интересен. Не беше толку квалитетен, колку што беше изедначен. Се играше поен за поен. Во завршницата на третиот дел, МЗТ успеа да ги казни неколкуте грешки на Работнички, па на семафорот резултатот беше 54:48 за екипата која ја води Жељко Лукајиќ.
МЗТ, кој има шест титули во Македонија, дојде и до деветтиот трофеј во Купот. Избраниците на искусниот стручњак Жељко Лукајиќ станаа поагресивни во одбраната. Што се покажа пресудно во последниот период, којшто го обележаа грешките на двете страни. Помалку направи МЗТ и слободно може да се каже дека заслужено дојде до трофејот, со што се изедначи со Работнички кога е во прашање Купот на Македонија.
Најдобри во екипата на МЗТ Скопје беа Трајковски со 18, Соколов со 17 и Стојановски со 15 поени.
Кај Работнички подобри од останатите беа Мираковски со 24, Чековски со 15 и Костов со 14 поени.

Најнови вести