Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2018

Се откажа и Линдзи Вон

На Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во сабота, на 24-ти февруари, ќе биде одржано екипното натпреварување во алпско скијање, но без најголемите светски ѕвезди. По Микаела Шифрин и Марсел Хиршер, се откажа и Линдзи Вон.

Дисциплината на мешани екипи е претставена минатата година на Светскиот шампионат, а први славеа Французите. Австриецот Марсел Хиршер нема да тргне во лов на третото злато во Пјонгчанг, а настапот за Соединетите Американски Држави го одбија Микаела Шифрин и Тед Лигети.
Откажувањата на најголемите светски ѕвезди на белиот спорт ја навеле Вон на размислување.
„Размислував за тоа, на почетокот не планирав да се откажам, но се двоумев. Сега кога Тед и Микаела одбија да скијаат, сфаќам дека немаме никаква шанса да освоиме медал“, изјави Вон за нејзината одлука.
Линдзи Вон во Пјонгчанг не се закити со медал, во супервелеслаломот беше шеста, а и останува уште да си ја проба среќата во спустот и во алпската комбинација.
На Зимските олимписки игри во Ванкувер во 2010 година освои златен медал во спустот, додека во супервелеслаломот беше трета.