Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2018

ФА Куп: Третолигашот Виган го елиминира Манчестер сити

Екипата на Манчестер сити е елиминирана од осминафиналето на ФА купот откако беше поразена со 1-0 од Виган.

Моќните „граѓани“ коишто газат сè по ред во Премиер лигата не успеаја да ја победат третата екипа од Лига 1 (третиот ранг на натпреварување).
Пресуден момент на натпреварот беше продолжението на времето во првото полувреме, кога Фабијан Делф доби директен црвен картон. Левиот бек на Сити остро стартуваше, а Тејлор му покажа најстрога казна.
Гостите имаа иницијатива во првите 45 минути, но Волтон, голман на Виган, секогаш беше на местото. Агуеро имаше одлична можност во 45+1 минута, но споменатиот чувар на мрежата одлично реагираше.
Во второто полувреме „граѓаните“ беа подобрата екипа, но со играч помалку не беа толку доминанти и шансите ги создаваа сè потешко.
Вистинскиот шок за Сити беше во 77-мата минута. Елдер му додаде на Григ, кој со одличен удар од околу 16 метри го совлада Едерсон. Во тој момент гледавме вистинска експлозија на трибините на „ДВ стадионот“.
Манчестер сити тргна со посилни напади, но до крајот на натпреварот немаше гол.
Виган со ова го направи најголемото изненадување во овогодишното издание на ФА купот.

Најнови вести