Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2018

Валверде: Би сакал да го избегневме Челзи...

Ернесто Валверде, тренерот на Барселона, го пофали учинокот на англиските клубови во Лигата на шампионите оваа сезона.

Каталонскиот клуб денес ќе гостува кај Челзи на „Стемфорд бриџ“ во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој дуел се смета за едно од дербијата на оваа фаза на натпреварувањето, но сепак блага предност ѝ се дава на Барселона.
Но, Валверде не е толку самоуверен.
„Би сакал Челзи да завршеше прв во групата, па да не моравме да играме со нив. Тие се шампиони на Премиер лигата, многу се силни. Англиските тимови оваа сезона се во неверојатна форма, многу подобри од претходните години“, изјави шпанскиот стручњак.
„Челзи има единствен стил на фудбал. Играта им се заснова врз физичката сила, но и тактиката им е добра. Поинаку е да се игра со нив поради формацијата“, додаде тренерот на Барселона.
Со оглед на тоа дека во последно време доста се зборуваше за учинокот на неговиот колега Антонио Конте на клупата на „сините“, Валверде даде изјава што мисли за тоа.
„Конте е еден од најдобрите менаџери на светот. Можете да видите дека неговите клубови имаат квалитет. Користи класични италијански методи, многу силно се игра во одбраната и лесно може да премине во напад“, изјави Валверде.
Дуелот во Лондон се игра вечерва, од 20.45 часот.

Најнови вести