Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2018

Фонсека: Рома да му се заблагодари на голманот

Пауло Фонсека, тренерот на Шахтар, изјави дека верува дека неговиот тим заслужил поголема предност од 2-1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Рома.

Иако Римјаните поведоа, Шахтар направи пресврт, а одличната партија на голманот Алисон на Рома ѝ одржа и тоа како активен резултат пред реваншот.
„Целиот тим одигра добро во второто полувреме, не ни беше лесно да играме со потребната брзина по долгата зимска пауза. Можевме да победиме и поубедливо и Рома треба да му се заблагодари на Алисон, кој имаше некоја навистина неверојатна одбрана“, изјави Фонсека.
„Всушност, натпреварот не го ни почнавме лошо, дури создадовме и добра шанса, но немавме играч кој би ја внесол топката во мрежата. Подоцна имавме проблеми со позиционирањето. Рома беше агресивна, а линиите на нашиот тим беа развлечени“, додаде тренерот на Шахтар.
Португалскиот стручњак изјави дека е задоволен од тоа што неговиот тим не се откажал по водечкиот гол на „волчицата“.
„Веројатно е случајност што Рома ја победивме со истиот резултат како Наполи во втората фаза. Секогаш е тешко да е игра со италијанските тимови доколку први постигнат гол, против нив секогаш е тешко да се вратиш бидејќи дефанзивно се многу организирани“, изјави Фонсека.
Тренерот на тимот од Донецк им се заблагодари на навивачите и изјави дека тимот вистински ја чувствувал нивната поддршка.
Реваншот меѓу Рома и Шахтар се игра на 13-ти март во Рим.

Најнови вести