Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2018

Мурињо: Погба беше добар, но Скот беше фантастичен

Манчестер јунајтед остана непоразен на „Санчес Писхуан“ во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Севилја, а она што најмногу ги интересираше новинарите е менаџерот на „црвените ѓаволи“ да објасни зошто Пол Погба го почна натпреварот од клупата.

„Јас ве разбирам вас новинарите, но да сум на ваше место, повеќе би ме интересирало дали менаџерот на Манчестер јунајтед се согласува со тоа дека Скот Мектоминеј беше фантастичен. Јас би ви одговорил потврдно. Играше како долгогодишен сениор. Секако, нема да ве оставам без одговор. Задоволен сум како Погба одговори на барањата на натпреварот“, изјави Мурињо.
Ова не е прв пат младиот Мектоминеј да го почнува натпреварот пред Погба, а поради тоа се појавија дури и некои информации дека Мино Рајола веќе бара нов клуб за Французинот, кој минатото лето од Јувентус дојде за 105 милиони евра.
Во првиот натпревар од осминафиналето кај Севилја, домашниот клуб и Манчестер јунајтед одиграа без голови. Реваншот се игра на 13-ти март на „Олд Трафорд.

Најнови вести