Корисничко име Лозинка Пријави се
24.2.2018

Конте: Ќе бидеме на 120 отсто против Јунајтед

Антонио Конте, тренерот на Челзи, изјави дека го очекува Пол Погба во дресот на Манчестер јунајтед во утрешниот дуел меѓу двата тима во 28-мото коло на Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ дуелот на „Олд Трафорд“ го дочекуваат по поразот од Ватфорд, додека „сините“ по две врзани победи.
„По двата тешки порази, ги победивме Вест Бромич и Хал, а добро одигравме и против Барселона. Но сето тоа е во минатото и сега мораме да се фокусираме на она што нè чека“, изјави Конте.
„Баркли, Бакајоко и Луис нема да играат. Сите останати играчи ми се на располагање. Жиру работи со нас. Задоволен сум од тоа како изгледа бидејќи се чини како да е тука подолго од две седмици“, додаде тренерот на „сините“.
Челзи моментно се наоѓа на четвртото место на табелата со 53 бода, додека Јунајтед е втор со три повеќе.
„Ќе се гледаме само себеси. И нас и на Јунајтед ни е многу важно да ги освоиме трите бода. Отворени се местата за Лигата на шампионите, има многу добри тимови и некој ќе мора да испадне. Јунајтед секогаш е опасен. Имаат фантастични играчи, физички се многу силни. Ќе мораме да посветиме внимание бидејќи сè е возможно. Ќе биде потребно да бидеме на 120 отсто за да победиме. Очекувам да го видам Погба на теренот. Како што кажав претходно, тие имаат врвни играчи. Но да бидам искрен, размислувам само за Челзи. Не би сакал да зборувам што се случува во другите клубови, тоа е недостаток на почитување“, изјави Конте.
На прашањето каков е неговиот однос со Жозе Мурињо, со кого беше во судир, италијанскиот стручњак додаде:
„И Мурињо и јас кажавме некои работи во минатото. Што се однесува до мене, сè е во ред. Не мораме веќе да зборуваме за тоа.“
Во ноември минатата година клубот од Лондон славеше со 1-0.

Најнови вести