Корисничко име Лозинка Пријави се
24.2.2018

Лига на Европа: „Tопчиите“ во Милано, Дортмунд со Салцбург

Познати се сите парови што ќе се натпреваруваат во осминафиналето на Лигата на Европа.

Фудбалерите на ЦСКА ќе играат против Лион, додека Викторија П’лзењ ќе се сретне со Спортинг од Лисабон во осминафиналето на Лигата на Европа, одредено е со ждрепката во Нион.
Дерби на осминафиналето секако е натпреварот меѓу Милан и Арсенал.
Покрај дуелот меѓу седумкратниот шампион на Европа и некогашниот финалист на Лигата на шампионите, се издвојуваат и средбите меѓу Атлетико Мадрид и Локомотив од Москва, Марсеј и Атлетик Билбао, како и Зенит и Лајпциг.
Натпреварите од осминафиналето на програмата се на осми и на 15-ти март, додека финалето на Лигата на Европа се игра на 16-ти мај во Лион.

Осминафинале на Лигата на Европа:

Лацио – Динамо Киев
Лајпциг – Зенит
Атлетико Мадрид – Локомотив Москва
ЦСКА Москва – Олимпик Лион
Марсеј – Атлетик Билбао
Спортинг Лисабон – Викторија П’лзењ
Борусија Дортмунд – Салцбург
Милан – Арсенал

Најнови вести