Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2018

Шок за Јувентус, крај на сезоната за Бернардески?

Нови лоши вести за „бјанконерите“. Како што пренесуваат медиумите во Италија, има можност Федерико Бернардески, фудбалерот на Јувентус, да ги обеси копачките до крајот на сезоната.

Тој доживеа повреда на коленото во дербито со Торино, а првите проценки беа дека од теренот ќе отсуствува три седмици.
„Газета дело спорт“ пренесува дека деталните анализи покажале лоши резултати и дека на Бернардески би можело да му биде извршена операција.
Ако му биде извршен оперативен зафат, тоа би значело крај на сезоната за 24-годишниот Италијанец, што несомнено би било голем удар за Масимилијано Алегри бидејќи во последно време Бернардески играше одлично и беше во стартната постава.
Во дуелот со „биковите“ повреда доживеа и Гонзало Игуаин, иако за Аргентинецот се очекува на теренот да се врати за дуелот со Аталанта во Купот на Италија, кој на програмата е во среда.
Надвор од редовите се и Куадрадо, кој би требало да се врати по репрезентативната пауза во март, како и Де Шилјо, кој поради проблемот со бутот на теренот би требало да се врати за 15-20 дена.

Најнови вести