Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2018

УЕФА: Без ВАР во Лигата на шампионите

Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, изјави дека во наредната сезона системот ВАР нема да биде воведен во најсилното европско фудбалско натпреварување – Лигата на шампионите.

Овој систем кој би требало да спречува спорни ситуации веќе се применува во Серија А и во Бундеслигата, а претходно е испробан и меѓународно на Купот на Конфедерациите.
„Нема да го воведеме ВАР во Лигата на шампионите следната сезона. Тука сè уште има многу забуни“, изјави Чеферин на Конгресот на УЕФА.
Словенецот додаде дека не се противи на употребата на системот на Светското првенство кое ќе почне во јуни во Русија. Одлуката за тоа дали судиите на теренот покрај себе ќе имаат помошници и технологијата во сабота треба да ја донесе Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации.
ВАР прв пат беше употребен во август 2016 година, на натпреварот меѓу двата американски клуба Њујорк и Орландо. Служи за да се спречат четири типа ситуации и грешки: кај пеналите, црвените картони, пеналите и судиите да не го згрешат идентитетот на играчот.

 

Најнови вести