27.2.2018 Јувентус му порача на Џан – преддоговор или ништо од трансферот
Торинскиот Јувентус му постави ултиматум на Емре Џан, играчот за врска на Ливерпул, во наредната седмица да потпише преддоговор, пренесоа италијанските медиуми.
Германецот со турско потекло веќе подолго време е желба на шампионот на Италија, со кого постигна устен договор налето да отиде во редовите на „старата дама“ како слободен играч.
Договорот со „црвените“ му истекува на 30-ти јуни и има право да потпише преддоговор со кој било клуб надвор од Англија.
„Газета дело спорт“ пренесе дека Јувентус го условил Џан во наредните седум дена да отиде во Торино и да потпише преддоговор ако сака од налето да биде играч на италијанскиот клуб.
Џан наводно одложува бидејќи за него се заинтересирани неколку клубови од Премиер лигата, иако Јувентус му нуди пет милиони евра по сезона.