Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2018

Шок во Аргентина: Икарди нема да оди во Русија?!

Иако до почетокот на Светското првенство во Русија има уште три и пол месеци, аргентинските медиуми јавуваат дека селекторот Хорхе Сампаоли веќе пресекол дека на турнирот сепак нема да го води најдобриот стрелец на Интер.

Ваквата одлука може да се сфати и како големо изненадување, но од друга страна, донекаде е очекувана. Изненадување е поради тоа што Мауро Икарди игра една од најдобрите сезони во кариерата во Интер и е втор стрелец на Серија А. Иако во последно време е во малку полоша форма, всушност како и целиот тим, но тоа не го менува фактот дека е сигурно некој кој има место меѓу 23-цата играчи на Аргентина, кога е во прашање играчкиот квалитет.
Но, неговите други, поточно човечки квалитети се нешто поради што оваа одлука донекаде е очекувана. Ниту претходните селектори не го повикуваа Икарди, но почна Сампаоли. Јавна тајна е дека Икарди нема добар однос со многумина репрезентативци, а Сампаоли очигледно сакал, кога неговата екипа веќе нема игра, макар да ја проветри соблекувалната и да има колку-толку добра атмосфера во Русија.
Икарди за репрезентацијата на Аргентина одигра четири натпревари и сè уште нема постигнато гол.

 

Најнови вести