Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2018

Гриезман на лето во Барселона за сто милиони евра

Барселона дефинитивно одлучила да ја активира откупната клаузула за одличниот француски фудбалер и да создаде фантастично напаѓачко трио - Лионел Меси, Луис Суарес, Антоан Гриезман.

Антоан Гриезман, напаѓачот на Атлетико од Мадрид, во наредниот преоден рок ќе направи трансфер во Барселона за 100 милиони евра, пишува „Ас“.
Барселона дефинитивно одлучила да ја активира откупната клаузула за одличниот француски фудбалер и да создаде фантастично напаѓачко трио - Лионел Меси, Луис Суарес, Антоан Гриезман.
Наводно, договор со играчот веќе има и Гриезман со нетрпение чека да се пресели на „Камп ноу“, каде што му е резервиран бројот седум, истиот што во моментов го носи во Атлетико.
Тој и минатото лето беше блиску до трансфер во каталонскиот клуб, но избра уште една година да остане во Атлетико за да им помогне на „јорганџиите“ кои беа под суспензија на ФИФА и не можеа да доведуваат нови играчи.
Покрај Гриезман, во Барселона наредниот преоден рок би требало да дојде и талентираниот бразилски играч за врска Артур Мело од Гремио.

Најнови вести