Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2018

Венгер немоќен, срам за навивачите – Сити повторно го растури Арсенал

Фудбалерите на Манчестер сити по втор пат во рок од четири дена убедливо го победија Арсенал во Лондон.

По 3-0 во финалето на Лига купот на „Вембли“, „граѓаните“ ги растурија „топчиите“ со еднаков резултат и на „Емирати“ во Премиер лигата.
Сити со погодоците на двајцата Силва, Бернардо и Давид, и со голот на Лерој Сане, кој беше и асистент, лесно триумфираа во заостанатиот натпревар од 28-мото коло.
Натпреварот пред полупразните трибини беше решен на средината на првото полувреме, Бернардо погоди за 1-0 во 15-тата минута, по додавањето на Лерој Сане, испрати прекрасен удар од работ на казнениот простор под пречката.
Давид ја удвои предноста во 28-мата минута, Серхио Агуеро, по уште едно одлично пробивање на Сане, му сервираше погодок на Шпанецот, а Сане фантастичната партија ја круниса со погодок во 33-тата, по центаршутот на Кајл Волкер.
Сити до водство дојде уште од првиот удар, а до убедлива победа само со пет во рамките на голот во текот на 90-тата минута. На „граѓаните“ работата во второто полувреме во одбраната на предноста им ја олесни и многу ладното време во Лондон со снежна бура.
Арсенал последната шанса да се врати на натпреварот ја пропушти во седмата минута на второто полувреме, Пјер-Емерик Обамејанг не го погоди пеналот, поточно, Едерсон одлично одбрани.
„Граѓаните“ можеа да слават уште поубедливо, но Петр Чех два пати одлично реагираше по ударите на Серхио Агуеро.
Синиот тим од Манчестер е прв клуб по 12 години кој три пати во сезона го совладал Арсенал, бидејќи во првиот дуел на „Етихад“ резултатот беше 3-1.
Сити со тоа го продолжи патот кон титулата, на десет кола пред крајот, има 16 бода повеќе од второпласираниот - градскиот ривал Јунајтед.
Арсенал е сè подалеку од Лигата на шампионите, се наоѓа на шестото место со десет бода помалку од четвртопласираниот градски ривал Тотенхем, а со осум помалку од другиот ривал од Лондон, Челзи.
Во наредното коло Сити ќе го дочека токму Челзи, додека Арсенал ќе гостува кај Брајтон.

Најнови вести